6.8 C
Скопје
07:55 - 1 април, 2026

Харис Џиновиќ нападнат од јавноста поради изјави, „не се брукај“: „Мелина беше како бумбар од 80 кг кога влезе во брак“

Драмата по разводот на Харис и Мелина не престанува, а хаосот дополнително го предизвикаа изјавите на пејачот насочени кон сега веќе поранешната сопруга Мелина Џиновиќ.

Харис Џиновиќ со изјавите за брак, развод, како и за поранешната сопруга Мелина Џиновиќ ја налути јавноста во Србија, но и ширум регионот, а коментарите на негова сметка само се нижат.

Харис во неколку наврати ги коментираше нејзините постапки, однесување додека беше во брак, но и трошењето пари, а неговата изјава за килограмите на Мелина многумина ја сметаат за непримерна и непотребна.

– Горд сум на Мелина, таа направи толку многу во животот. Таа роди две прекрасни деца и влезе во брак како бумбар тежок 80 килограми. По породувањето имаше само 64. Да изгубш толку многу килограми, а да останеш нормален е многу тешко – изјавил пејачот во една прилика, а откако изјавата повторно била пренесена среде сите вести за разводот и причините за тоа, реакциите само продолжија.

– Па има ли барем еден пријател да му каже да не се брука веќе, аман? – гласи една од реакциите на социјалните мрежи.

– И тој без коса, па што? – пишува друг корисник на Икс.

– Јас мислам дека таа одлично изгледаше со 80 килограми на таа висина, бонбонче – се согласуваат повеќе корисници на социјалните мрежи.

„Сега падна најниско“. „Ова не е во ред што го прави, сепак беа долги години заедно во брак“, „Нема потреба за вакви изјави, сам себе се закопува, тој ја избирал“ – гласат само некои од коментарите на корисниците.

Потсетуваме, Харис и Мелина од бракот имаат две деца, ќерката Џина и синот Кан, а познато е дека Мелина е помлада од него 30 години.

 

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....