0.8 C
Скопје
01:50 - 12 март, 2026

Харис Џиновиќ е подготвен повторно да се заљуби: „Сакам убави и паметни жени, слободен сум и емотивно достапен!“

Харис открива дека е подготвен за нова љубов.

Познатиот пејач Харис Џиновиќ, се разведе од својата долгогодишна сопруга Мелина, модна дизајнерка.

Сега тој истакнува дека е отворен за нова љубов на 72 години.

– Сега сум слободен човек. Емотивно достапен, а ме импреионираат убави и паметни жени, ги нема премногу! Таа мора да е нормална. Мора да има совест, мора да има толеранција, мора да биде работник. Љубовта може да биде и допир на рака, и кога ќе се заврши во кревет… Жените мора да имаат став! Сите луѓе треба да имаат став – изјави Харис за српските медиуми.

– Еве, ведар сум, насмеан, одлично сум. Ова ме вознемири за работа… За среќа, брзо заврши. Не е лесно да се преболи ова. Семејството се распадна. Една година, можеби повеќе, јас сум нов човек. Она што не те убива те прави посилен! – додаде Харис потоа за српската телевизија „Прва“.

Тој синоќа откри дека периодов секоја вечер пие по едно шише вино, па се осврна и на Мелина.

-Кога ми се допаѓа жена, јас сум упорен. Не ми е гајле колку години има, колку е помлада… Убаво си поминавме. Имаме деца и продолжувме понатаму. Мелина беше љубоморна како куче. Таа го покажуваше тоа. Сега, колку тоа беше наместено, колку се фолираше, не знам, но изгледаше искрено – истакна Харис.

– Кој е подобар родител? Тоа сега не би го ни зборувал. Јасно е… Децата се со мене, таа се оддалечи. Не знам зошто го направи тоа. Што им е гајле на луѓето како поминам низ ова… Тоа треба да е во четири ѕида! Не му дозволувам никому да навлезе во мојата приватност! – додаде Харис.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....