22:34 - 9 јануари, 2026

Харис Џиновиќ дебело ќе заработи од продажба на вилата во Сењак: Ќе се шокирате кога ќе слушнете колку му нуди пријателот!

Харис Џиновиќ доби понуда која многумина никогаш не би ја одбиле, ниту пак сонувле! По неодамнешната бомба-вест дека пејачот се разведува од сопругата Мелина по 20 години брак, близок пријател му понудил  3 000 000 за вилата во која живее во Сењак.

Во 2021 година, познатиот музичар се всели во оваа огромна вила со своето семејство, која ја градеше од 2017 година. Мелина се иселила од вилата и отишла во хотел додека не си купи стан за себе.

Во изградба на вилата и опремување пејачот вложил, како што се пишувало, околу два милиони евра. Сега, со продажба може да заработи еден милион повеќе.

Сепак, близок пријател на семејството Џиновиќ тврди дека околностите се промениле:

– Харис му се пожалил на близок пријател дека не му се допаѓа разводот, дека не ни верувал дека може да дојде до тоа, но продолжува понатаму. Тој бизнисмен се интересирал дали планира да го продолжи животот во Белград во вилата што ја изградил или има можност да ја продаде. Му дал интересна понуда, поточно милион евра повеќе отколку што вложил. За него тоа е примамлива бројка, но не е сигурен дали ќе се согласи. Одлуката ќе ја донесе синот на Харис, Кан. Пејачот одлично се согласува со него. Инаку, овој човек има неколку згради на популарни локации во главниот град (Белград) и особено му се допаѓа оазата на мирот на Харис, бидејќи терасата нуди поглед на Нов Белград. Ќе видиме што ќе одлучи – заклучува извор за српски Курир.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....