3.8 C
Скопје
23:24 - 20 декември, 2024

Хари и Меган се разочарани од кралското семејство по „речиси катастрофалната“ потера од папараците: Не ги „рецкаат“, а грб им сврте и Агенцијата за заштита

Двојката тврди дека фотографите два часа ги бркале низ улиците на Њујорк.

Откако Меган Маркл и принцот Хари тврдат дека неодамна биле дел од двочасовна „близу катастрофална“ бркотница со автомобил полн со папараци, парот немал никаков контакт со ниеден член на кралското семејство.

Двојката тврди дека во вторникот навечер папараците ги бркале околу Њујорк, додека тие биле заедно со мајката на Меган, Дорија Рагланд, а наводната потера по нив траела повеќе од два часа.

„Оваа немилосрдна потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќекратни речиси блиски судири во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца полицајци од Њујорк“, рече портпаролот на Хари и Меган.

„Иако да се биде јавна личност доаѓа со ниво на интерес од јавноста, тоа никогаш не треба да биде по цена на нечија безбедност“.

Од инцидентот, ниту Хари, ниту Меган немале никаков контакт со кралското семејство во Обединетото Кралство, а, според Телеграф, двајцата се многу фрустрирани и разочарани од недостатокот на коментар или признавање на инцидентот од Бакингемската палата.

„Војводата и војвотката од Сасекс пристигнаа на нивната дестинација и нема пријавени судири, повреди или апсења во врска со тоа“, рече њујошката полиција, а фановите веднаш ги обвинија Хари и Меган дека претеруваат кога се споредуваат со „прогноството“ од папараци на принцезата Дијана.

Членовите на кралското семејство пак, и по инцидентот продолжија да ги извршуваат нормално своите официјални ангажмани како што беше појавувањето на кралот Чарлс III и кралицата Камила во Ковент Гарден, додека принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, беше присутна во Центарот Ана Фројд во Лондон за да ја продолжи нејзината поддршка на Неделата за подигање на свеста за менталното здравје.

По обвиненијата упатени од Хари и Меган, парот побара сите фотографии направени за време на „бркањето со автомобил“ да им бидат ним предадени, но папараците одбија да го направат тоа.

Во барањето испратено до фото агенцијата Бекгрид, адвокатите на војводите од Сасекс рекоа дека фотографиите се потребни за Меган и Хари да можат да ја подобрат својата безбедност во иднина.

„Со ова бараме Некгрид веднаш да ни достави копии од сите фотографии, видеа и/или снимки направени минатата ноќ од хонорарните фотографи“, велат нивните адвокати во писмото до агенцијата.

Сепак, адвокатите на Бекгрид го одбија нивното барање на адвокатите на Меган и Хари, истакнувајќи дека Американците одамна го напуштиле „кралското право“.

„Во Америка, како што сум сигурен дека знаете, имотот му припаѓа на неговиот сопственик: трети лица не можат едноставно да бараат да им се даде, како што евентуално би можеле да направат кралевите. Можеби треба да им кажете на вашите клиенти дека англиските правила на кралските прерогативи да бараат од граѓаните да го предадат својот имот на круната беа отфрлени од оваа земја одамна. Ние стоиме на страната на нашите законодавци“, велат адвокатите на агенцијата во писмото.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....