18.8 C
Скопје
23:50 - 15 август, 2026

Хакер: тајните служби на Украина и Западот ѝ помогнале на Вовк да го изврши убиството на Дугина, на Украинката ѝ требале пари за живо во Москва

Хакер од групата РахДит изјави за „Известија“ дека е малку веројатно Наталија Вовк да ја убила руската новинарка Дарија Дугина без знаење на украинските специјални служби. Тој смета дека не само структурите на Киев, туку и западните се вклучени во убиството.

Рускиот сајбер експерт не верува дека Вовк можела да прошверцува експлозив во Русија преку граница во автомобил со нејзината ќерка, пишуваат руските медиуми.

„Зошто да ризикувате кога можете да добиете сè во Москва? – рече.

Според него, на Украинката ѝ биле потребни пари за да живее во Москва: да изнајмува стан, да јаде, да плаќа бензин, телефон, интерент итн.

Дарија Дугина почина на 20 август како резултат на експлозија во нејзиниот автомобил. ФСБ соопшти дека сторителот е Украинката Наталија Вовк, која по извршувањето на делото заминала во Естонија.

Претходно, таткото на Дарија, филозофот Александар Дугин, изјави дека неговата ќерка била убиена од непријателите на Русија, кои ја избрале за симбол на „руската светлина“.

Александар Дугин: „Цел на убијците беше мојата ќерка Дарија, а не јас“

Слични објави

Лидија Вукиќевиќ ги откри и тајните за совршената линија и разводот

E.A.

Инстаграм vs реалност – Ивона Јо покажа приватни фотографии, еве што се правело зад сцената

apostolova

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо

Бресквица конечно ја откри вистината за аферата со Лука Дончиќ и стави крај на шпекулациите

Еспресо

Се повлече од естрадата, па во друга земја покрена бизнис: Еве од што денес најмногу заработува Милан Станковиќ 

Еспресо

(Фото) Српска пејачка потрошила 20.000 евра за седум дена на Миконос!

Еспресо
Се вчитува....