18.8 C
Скопје
18:56 - 16 април, 2024

Григор Копров раскажа емотивна приказна за Тоше: Јас му бев како Господ, а потоа се смени сѐ

На почетоците на својата кариера, едни од своите најголеми хитови кои ги испеа Тоше Проески ги напиша хитмејкерот Григор Копров, а текстовите ги напиша Огнен Неделковски.

Големата популарност на Тоше почна да расте токму во времето кога тој ги испеа „Усни на усни“, „Сонце во твојте руси коси“, „Твојте бакнежи на мојре бели кошули“ и многу други. Композиторот Григор Копров се присети токму на Тоше, во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре каде што беше гостин и раскажа како почнала нивната соработка и дружење.

– Можам сега да зборувам, обично не сакам на оваа тема, но еве ќе кажам како дојде до соработката“, рече Копров со носталгија во гласот.

Приказната започнала кога Копров, додека седел во неговата канцеларија во фирмалата каде што бил директор добил повик од неговата секретарка.

– Господине Копров, ве бара ве бара некој Никола Проески, рече Копров во оваа емисија, мислејќи на таткото на Тоше.

-Јас мислам човеков ме бара по препорака на некого, за некоја работа. Тој ми се јавува и ми вика: „Господине Копров, јас сум еден сиромав човек, работам на централата во Крушево, ама ние во семејството имаме едно дете кое пее фантастично, и ве молиме, ние мислиме дека само вие можете да го пробиете“, раскажал Копров. Тој се согласил со Никола Проески, да го слушне неговиот син и да провери дали момчето кое подоцна стана нашата најголема музичка ѕвезда е навистина талентирано.

– Тој ми се јавуваше на 3-4 дена, и јас еден ден си викам- ајде човекот нека дојде, се утепа од барање. И му викам, дојди во недела, ќе те чекам во „Холидеј ин“ во 11 часот. Јас отидов порано, и седам и разговарам со себе. И си викам: Слушај, татко ми мој немаше пари да ми даде пари кога дојдов јас во Скопје да ми даде да се пробивам. Немаше богати тоа во време. Мојот татко инаку беше резбар“, се присети Копров а потоа го спомена и легендарниот композитор Драган Ѓаконовски- Шпато, кој е важна фигура во неговиот живот.

-Да не беше еден Драган Ѓаконовски- Шпато, кој сите нас да нѐ собереш не прави еден Шпато, и кој жалам дека ние не го препознававме и кога почина, почина како некој така случајно. Драган Ѓаконовски- Шпато еден, 20 празни места, сите ние други после него. Тој беше гение, а јас бев негов ученик“, рече Копров и додаде:

– Му станав и кум за втората- третата жена, не е важно, но бевме многу блиски“, изјави композиторот, а потоа се наврати на судбинската средба со Просеки и со неговиот татко. Копров рече дека одличил уште претходно дека ќе работи со Тоше, сеќавајќи се дека тој не му платил на Шпато за сѐ што сторил за него, па решил и тој да го стори истото за Тоше.

принтскрин

-И, доѓаат тие двајца, Бог да му душа прости и му викам: „Никола, ова е дете, јас со тебе разговарам. Во вашите фамилијарни работи, јас немам намера да се мешам. Но, единствен услов е јас да му ја водам кариерата, што се однесува до музиката. Јас ќе инвестирам во него и сѐ што треба. Стана, ме гушна- па вие Копров сте Господ, Бог, се изгушкавме“, рече Копров.

Потоа се сети на времето кога му ја напишал првата песна на Тоше, „Усни на усни“, еден од најголемите хитови засекогаш. На повеќето од концертите, сѐ до неговиот последен во 2007 година, Тоше оваа песна ја оставаше за пред крај, а публиката како верен хор го следеше од првиот по последниот стих.

-Првата песна, лудница во државата. Втората песна, „Сонце во твојте руси коси“, третата, „Твојте бакнежи“.. и тука застанувам. За понатака, имам што да кажам, ама сега не“, се присети познатиот композитор.

На крајот од оваа неговата приказна, тој раскажа дека Тоше бил гостин на концертите на Владо Јаневски, на идеја и на молба на Копров. Публиката на моменти подобро реагирала на Тоше кој тогаш имал само три песни, отколку на Владо.

За крај Копров даде уште еден свој заклучок: „Авалон“ му ја водеше кариерата фантастично, браќата Милошески го имаа како свое дете. Сѐ се промени со Љиља“, изјави Копров кој потоа веќе не соработуваше со Тоше и додаде:

-А, инаку Господ бев за него“, рече композиторот и нагласи дека целата оваа приказна за него е болна за зборување. Видеото од гостувањето на Копров и приказната за Тоше, можете да го погледнете ТУКА.

Фото: Јутјуб принтскрин

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ позираше во вежбална: Водителката ја покажа долната облека

Еспресо

Јелена Карлеуша му се закани на Тони Бијелиќ: Само ако продолжи на каков било начин да ја загрозува Драгана Мирковиќ…

Еспресо

(Видео) Среде улица пие алкохол: Харис Џиновиќ снимен како се теши по разводот со Мелина

Еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ се посвети на верата и црквата: Го „отследи“ татка си на Инстаграм

еспресо

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

„Ми подметнаа филм за возрасни“: Ава Карабатиќ среде скандал пред изборите во Хрватска

Еспресо
Се вчитува....