18.8 C
Скопје
18:53 - 3 октомври, 2026

Говор што расплака многумина! Еве што Дино Мерлин имаше да каже за Халид Бешлиќ на неговото испраќање

Дино Мерлин, долгогодишен пријател и колега на Халид, им се обрати на присутните на комеморацијата.

Во своето обраќање, пејачот раскажа како била неговата последна средба со Бешлиќ.

Комеморацијата за легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ започна во 11 часот наутро во Народниот театар во Сараево, а започна со минута молчење. Потоа, се обратија внуците на Халид, Ламија и Белмин, кои порачаа дека тој за нив бил „љубов, гордост и штит“ за нив. Зборуваа и многу колеги на Халид, како што се Емир Хаџихафизбеговиќ, Фахрудин Пецикоза, Енис Бешлагиќ и други, а говорот на Дино Мерлин беше особено емотивен, којшто расплака многумина во публиката.

– Зборовите се зборови, но сликите и чувствата зборуваат повеќе. Ќе споделам со вас неколку слики и моменти кога последен пат го видов Халид. Топла соба, октомвриска ноќ, некоја благост во неа. Тој дремеше, и во сон од устата му се „лизна“ пцовка кога го свртувавме настрана. Се насмеавме. Му ги раскажував форите на Сидран и Гљива, повторно се смеевме. Се смеевме за да не плачеме, да ја измамиме болката, да ја измамиме смртта. Му донесов чоколадо, „Мерси“. Мерси, Халид. Ти благодарам, Халид – рекол Дино Мерлин низ солзи, а потоа продолжил:

– Му ја галев косата, рацете и стапалата, чистите бели калчуни, калчуните на Халид. Каков е тој минимализам, нешто толку едноставно, толку посебно. Нешто толку потребно како брашно, како хартија, како сол. Нешто толку топло како нашиот Халид. Патувај, бела птицо, во џенетското лозје. Многу вода ќе протече низ Босна додека не се роди таква душа, многу вода ќе протече низ Босна дотогаш. Каде и да си, сакан да си. Каде и да си, сакан да си – заклучил Мерлин.

 

 

 

Слични објави

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Еспресо

На денешен ден нè напушти Љупка Димитровска — за само два месеца ги загубила сопругот, сестрата и мајката

apostolova

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Еспресо

„Со Душко можам да се смирам за една минута“: Карлеуша проговори за поранешниот сопруг и за новиот помлад дечко

Е.А.

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо
Се вчитува....