4.8 C
Скопје
00:53 - 8 март, 2026

Готвиме со Бранко: Вкусна и здрава безглутенска пита со спанаќ и фета сирење

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).

– Тоа е таа умешност во кујна кога имаш повеќе од 10 намирници, немаш рецепт и излегува неверојатно вкусна и здрава безглутенска пита со спанаќ и фета сирење – вели шеф Бранко.

Се подготвува толку брзо, и се јаде исто толку.
Земајте намирниците и право во кујна.

Потребни состојки:

300 гр овесно брашно
5 јајца
100 мл овесно млеко
150 гр павлака со ниска масленост
50 мл маслиново масло
2 лажички пециво
фета сирење по вкус
1 мала лажичка хималајска сол
спанаќ

Начин на подготовка:

Во длабок сад, ставете ги брашното, млекото и јајцата. Матете додека не добиете хомогена смеса. Додаде го спанаќот, фета сирењето и павлаката. Мешајте со дрвена лажица да се изедначат состојките. На крај додадете ги останатите намирници и промешајте. Истурете ја смесата во калап за печење обложен со хартија. Печете 15 до 20 минути.
Послужете со јогурт или кисело млеко.

Уживајте во вкусот на оваа безглутенска и здрава пита.

#CookingWithBranko

Слични објави

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....