6.8 C
Скопје
20:37 - 11 март, 2026

Гога Секулиќ (пак) во жестока одбрана на Ана Николиќ: „Кога имаш пари сите се тука, кога ќе паднеш се пакуваат…“

Претходните недели во центар на скандал се најде пејачката Ана Николиќ, а голема поддршка и даде нејзината колешка Гога Секулиќ.

На прашањето на новинарите дали се слушнале, откако се понуди да ѝ помогне, Гога одговара – „Се уште се немам слушнато со неа, но планирам да ја најдам. Не би сакала преку социјалните мрежи, можеби некој друг ги има шифрите, но некако ќе ја најдам – истакна пејачката, па додаде:

– Сите ние луѓето поминуваме низ некои животни ситуации, некои се справуваат со тоа, а некои не. Многу зависи од тоа со кого живееме, кои се нашите родители, кои се нашите пријатели и околината, се разбира.

-Знам дека кога беше најпопуларна сите трчаа околу неа. Јас тоа го гледам по себе, ќе исфрлам хит и вистински пријатели се секогаш тука и моето семејство. Моите родители и до ден денес се строги, секогаш има критики, „закопчај се“, „дали мора да се фотографираш во костим за капење“, секогаш имаат замерки. Меѓутоа, тоа е така, кога имаш добра кола, многу пари, јадеш во добри ресторани – сега некој ќе се навреди ама не е важно- тогаш сите се тука, а штом некој малку падне , сите се пакуваат и одат кај оние следните, а овие остануваат сами. Затоа човек мора да биде психички силен и да продолжи понатаму – ѝ порача Гога на Ана.

Потсетуваме дека Гога минатата недела застана во одбрана на Ана објаснувајќи дека кога неа ѝ било најтешко, таа веднаш ѝ се понудила за помош.

„Ме покани на ручек и ми стави пари во чантата. Сакав да ѝ вратам, но таа ми рече дека не доаѓа предвид, дека знае во каква ситуација сум. Никогаш нема да го заборавам тоа“ – нагласи Секулиќ.

Слични објави

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо
Се вчитува....