5.8 C
Скопје
00:35 - 1 април, 2026

Гоца Тржан без влакна на јазикот ѝ кажа сè во лице на Луна Ѓогани: „Да имав можност, ќе те истепав“

Гоца Тржан е позната по својата искреност и остар јазик, а овојпат на мета се најде Луна Ѓогани.

Тржан беше гостинка во емисијата на Луна, каде отворено и без задршка го коментираше нејзиното учество во реалното шоу „Задруга“ и турбулентните ситуации низ кои таа поминуваше.

Пејачката директно и во лице го искажа својот став за одлуката на Луна да влезе во ријалити шоуто, при што ја спомена и нејзината мајка, Анабела Атијас.

– Те познавам уште од кога беше дете и морам да ти кажам – не си нормална што влезе во тоа ср*ње. Дали си свесна што си направи? Зошто си го направи тоа на себе? Да имав можност, ќе те истепав – изјави Гоца, додавајќи дека истото ѝ го кажала и на Анабела.

– Тоа ѝ го реков и на мајка ти. Ја прашав: „Зошто не го извлече тоа дете оттаму за коса?“ Многу сум директна кога станува збор за вакви работи. Ѝ реков и: „Сите би ве запалила“. Тоа не е ријалити, туку социјален експеримент. Никогаш не би влегла во таква програма. Те почитувам како дете кое израсна покрај мене, но да бев јас твој родител, ќе те извлечев за коса, па макар сè да продадев, само да не те доведам во ситуација целосно да изгубиш контрола – порача Гоца Тржан.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....