-1.2 C
Скопје
08:26 - 19 декември, 2024

„Го фатив бившиот во прељуба и ја потегнав за репот“: Урнебесен стенд ап настап на Весна Петрушевска во Скопје

-Долго не сум била интимна“, е само една од речениците кои од срце ги насмејаа присутните во „Јавна соба“, на стенд ап настапот на Весна Петрушевска, „Влези, не се соблакај“.

Весна на многу умешен начин знае да се шегува на своја сметка, и покрај сите шамари кои животот ѝ ги удрил, и тоа е една од нејзините најголеми вредности.

На пример, искрено раскажа за моментот мога поранешниот сопруг го фатила во прељуба.

„Му ги фатив пораките и го прашав: Кога е оваа? Тој рече дека е некоја грешка“, раскажа актерката, и детално ја опиша драмата што следела потоа:

-Заминав кај него на работа, беше еден од директорите во пензиското друштво. Прашав која e, кога ја фатив за репот..“, раскажа Весна.

Сега, таа со сопругата на нејзиниот поранешен сопруг има заедничка група, а синот Кирил живее кај нив, во Америка.

-Кога ќе ми речат: Весна, Кирил не нѐ слуша. Доби C математика. Па што ако добил? Тоа е сосема нормално, и да добие C, и да гледа порнографија во неговата соба. Има 17 години. Не сум го видела две години, но знам дека му е подобро таму. Тој е одличен студент“, кажа Весна за Кирил.

Велат дека секое лошо за добро е, па по случката кога автомобилот ѝ паднал во Вардар, таа добила понуда да снима реклама, за која морала да облече костум за нуркање.

-Треба да си навлажнет да влезеш во тој костум, намокрен, јас тогаш имав 85 кила, и облеков хеланки, едвај влегов“, рече Весна и долови како со пераи се шетала низ центарот на Скопје.

-Игор Џамбазов дојде во тој момент со еден џемпер со ирваси, и на луѓето со кранот им даваше инструкции на каде да ја влечат колата кога ја вадеа од Вардар. Колата три пати паѓаше во водата, три пати. Игор тогаш ми рече: Сигурно Дац ти ја бутнал, тој беше директор на МНТ“, низ насмевка раскажа актерката.

Весна преживеала и пожар во куќата на нејзините родители, и детално го опиша моментот кога влегла во оган за да го спаси мачорот на мајка си, но не успеала.

На симпатичен начин ја спомена и „Златна Бубамара“ во чие сценарио се шегуваа дека МНТ е поплавен. „Да не сум јас, нема да имаат што да зборат во Бубамара“, рече Весна.

Интересна е приказната за тоа кога во времето кога имала најмногу килограми, запознала маж со кој водела љубов во темница, а потоа се покрила со чаршаф. „Сега немам со кого“, се насмеа Весна и напомена дека е важно за секој човек да го сочува своето ментално здравје и својата секуалност.

На 19 апил, таа ќе ја повтори истата забава на истото место. Весна Бејби ќе ја насмее и Гевгелија, во Домот на културата на 6 април, а „Влези, не се соблакај“ ќе игра и во Струмица на 26 април, во Домот на културата.

Фото:
Приватна архива
Инстаграм скриншот

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо
Се вчитува....