20.7 C
Скопје
01:36 - 1 август, 2026

Германскиот култен артист Tolouse Low Trax вечерва ќе настапи во „Станица 26“

Вечерва со почеток во 21 часот, во клубот „Станица 26“ скопската публика ќе може да проследи неповторлив гиг на кремот на андерграунд клупската музика. Целовечерен настан, со перформанс на уникатна современа електронска музика, проследен со хипнотизирачки deep house до утринските часови.

За првпат во Скопје со настап во живо ќе се претстави магот на германската електронска сцена Tolouse Low Trax, зад кој стои Детлеф Вајнрих од Дизелдорф, еден од основачите на култниот пост-рок бенд Kreidler. Tворештвото на Tolouse Low Trax е објавено на неколку изданија на етаблираните лејблови Idle Press, Infiné, Karaoke Kalk, Kunstkopf, Neubau, Themes For Great Cities, Antitote и Cómeme. Детлеф е и човекот кој стои зад озогласениот Salon des Amateurs во Дизелдорф, каде што е резидент диџеј.

Вајнрих, кој уште од крајот на деведесеттите години достојно ја продолжува „краут“ традицијата на Дизелдорф, веќе подолго време слободно шета низ германската електронска сцена, постојано слушајќи ги претстојните звуци низ одгласите од минатото. Ако се земат предвид повеќе од 15 години активност со бендот Kreidler и другите уметнички проекти во кои е вклучен, јасно е дека се работи за еден од клучните автори на современата германска електронска сцена.

„Примитивноста во мојата музика е поврзана со нешто едноставно, и тоа не мора да биде задолжително минимално. За мене е доволно да танцувам грубо околу суштината. Музиката што не ја обликуваме до крај содржи момент на убавина. Превез на тајност. Работам едноставно. Во ограничувањата пронаѓам слобода“, вели Детлеф Вајнрих.

Свој настап во „Станица 26“ ќе има и њујоршкиот продуцент и DJ, Фред Петеркин, кој е попознат под псевдонимот Fred P. По 11 албуми и голем број различни изданија, и декади диџејска кариера, Фред секојдневно продолжува да го развива својот препознатлив звук кој плови низ најдлабоките фреквенции, во кои хаус музиката се провлекува како основа. За оние доволно среќните љубители кои ги доживеале неговите катарзични, физички и спритуални сетови, подиумот не е само место за уживање, туку и достигање на повисоки потенцијали. Во 2018. година се роди неговиот нов музички лејбл, Perpetual Sound, откако природно дојде крајот на неговата озлогласена продуцентска куќа Soul People. Првото издание природно му припадна на неговиот најсакан псевдоним, Black Jazz Consortium.

За локална противтежа ќе се погрижат двајца искусни локални дејци, веќе интернационално етаблираниот артист Herzel (Александар Гроздановски) со негов live настап и диџеј сет на Ивана Драгшиќ, која и повеќе од доволно го познава њујоршкиот хаус звук.

Вечерашниот настанот е во организација на ROTKO books&music во колаборација со LONGBUS, а повеќе за настанот информирајте се на следниот линк: https://www.facebook.com/events/642113630751950

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....