3.8 C
Скопје
22:55 - 20 декември, 2024

(Фото) Ѕвездата од турските серии Демет Оздемир најави свадба, но која е убавицата со бугарско потекло која се мажи за најпосакуваниот Турчин?

Една од најубавите турски глумици Демет Оздемир во последната недела на август ќе стапне на „лудиот камен“. Нејзиниот избран е суперпопуларниот турски музичар и глумец Огужан Коч. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

Актерката Демет Оздемир е родена во Измит, Турција, на  26 февруари 1992 година, има 28 години. Висока метар и 70 см. тешка 56 килограми. Баба ѝ, Бугарка, била емигрирантка во Турција. Актерката има и брат Волкан Оздемир и сестра Дерја Оздемир. Нејзиното семејство се преселиле во Истанбул кога имала 7 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

Стана исклучително позната и во својата земја, но и во Европа, преку турската серија Сонувачот (Daydreamer) – серија која се емитуваше и кај нас – каде освен со убавината публиката ја освои и со неверојатната хемија со колегата Кан Јаман. Токму поради таа многу силната хемија меѓу двајцата на екранот, многумина се прашуваа дали се во врска, но сите нивни сцени, сепак, беа базирани на импровизација.

Демет веќе подолг период беше во врска со пејачот и актер Огужан Коч, со кого подоцна се вери, а сега самата таа најави дека ќе се венчаат, со романтична прослава на 26 август.

Како влегла во филмскиот свет?

Од девојче имала страст за танц и балет, посетувала училиште за модерен танц и токму како танчерка ја започнала својата кариера во светот на забавата, а оттаму и на екраните.

Потоа почнала да се занимава со манекенство и да глуми. Земала приватни чаови во глума, а убавината ја ставила во полза на професијата.

Демет Оздемир го направила своето актерско деби во 2013 година, придружувајќи се на актерската екипа на серијата „Фокс“. Следната 2014 година, таа го играше ликот на Ајла во турската легендарна серија Kurt Seyit ve Şura, сместена во 1915 година. Од 2016 до 2017 година ја играше улогата на Лале, протагонистка на романтичната комедија Соба Број: 309. Да Од мај 2018 до август 2019 година Демет ја играше улогата на Санем Ајдин во турската романтична комедија Сонувачот, со Кан Јаман покрај себе. Благодарение на оваа серија, таа ја доби наградата за најдобра женска улога на церемонијата за доделување награди Murex d’Or што се одржува секоја година во Либан.

Врската меѓу Демет и Коч, кој е вистинска ѕвезда, е една од најследените во Турција, особено откако парот раскина во одреден момент минатата година. По смирувањето, веднаш следуваше веридба на радост на сите нивни фанови, кои заедно ги имаат во милиони, а самата таа на Инстаграм има над 15, 3 милиони следбеици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....