10.8 C
Скопје
06:03 - 25 април, 2024

Можеби не сте знаеле дека некои од вашите омилени намирници содржат заситени масти, проверете кои

Иако помфритот е симбол на нездравата храна, сепак постои нешто во чиј состав се содржани поголем број штетни маснотии, а што сите секојдневно го консумираме. Станува збор за обичното кафе во кое додаваме млеко во прав. Вака подготвениот утрински напиток, содржи многу повеќе заситени масти отколку порција пржени компирчиња.
Покрај овие две намирници, постојат и неколку други јадења и напитоци за кои малку се знае дека содржат заситени масти. Токму овој вид масти е многу штетен, а ако се внесува во поголеми количини и тоа секојдневно, огромни се шансите за појава на кардиоваскуларни заболувања и покачување на крвниот притисок.

Овошен сладолед наспроти грчки јогурт
Додека една чаша грчки јогурт содржи 6 грама заситени масти, во половина чаша овошен сладолед има 4 грама од истите масти. Кога станува збор за пиење грчки јогурт, секогаш може да изберете од оној на чија амбалажа пишува „со ниска масленост“ и на тој начин да го намалите количеството на внесени маснотии. Оваа опција кај овошните сладоледи ја нема.

Пилешки поткопани наспроти филети од лосос
Во една порција пилешки поткопан од 85 грама има 3 грама заситени масти, односно трипати повеќе споредено со истата количина лосос. Имено, оваа наведена количина пилешко месо и лосос е пресметана заедно со кожата, која независно од тоа дали е кожа од риба или од пиле, или друго животно, важи за најмрсен дел.
Затоа, кога сакате да изедете малку пилешко, тоа нека биде бело пилешко месо наместо еден копан и поткопан.

Пица со сирење и чипс
Парче пица со сирење содржи 4,5 грама заситени масти, што значи дека има повеќе масти отколку мала порција чипс, која ќе ја изедете додека гледате филм. Но, тоа се разбира не треба да значи дека можете да се опуштите и постојано да грицкате чипс, бидејќи само 15 парчиња од овие грицки содржат дури 1,5 грам заситени масти.

Сончогледово и маслиново масло
Во само една лажица сончогледово масло се содржани 7 грама заситени масти. Тоа е дури трипати повеќе споредбено со заситените масти што ќе ги најдете во истата количина маслиново масло.

Чоколадна торта и мафини со боровинки
Во еден мафин во кој сте додале некакво овошје, во случајов боровинки, има околу 4 грама заситени масти. Се разбира, количината не е фиксна бидејќи зависи од големината на десертот и од неговиот начин на подготовка, а најмногу од тоа дали во него сте додале маргарин или не. Оваа количина сепак е двојно помала отколку количината заситени масти во едно средно парче чоколадна торта подготвена со многу филови.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....