17:21 - 6 април, 2026

(Фото) Зуица Лазова ја загуби втората мајка: „Ангел мој, продолжи да нѐ чуваш“

Голема семејна загуба претрпе Зуица Лазова, која се прости од својата втора мајка. Фолк пејачката сподели емотивни зборови на Фејсбук.
– Ганче моја… да ми беше родена мајка, немаше да ми се најдеш толку мнооогу во животот…Ти благодарам за сè мајче моја и продолжи да нè чуваш од местото кајшто нема болка и страдања.
Ангел мој“, напиша пејачката.
Фото/ Фејсбук
Зуица Лазова е жена што живее динамичен живот и успева да организира сѐ. Предава хармоника во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, паралелно настапува и учествува на фолк-фестивали, се грижи за семејството.
Нејзин предизвик е и учеството во проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде што заедно со повеќе колеги пеат преработки на македонски народни и патриотски песни, а меѓу нив е и нејзиниот сопруг, Наум Петрески.
– Јас имам деца што многу го сакаат и го ценат македонскиот фолклор. Имам еден ученик што бара исклучиво фотографија и потпис од Зуица Лазова, дете што е во основното музичко, шесто одделение, што значи дека неговите дома ја завршиле нивната работа и мисија – рече Зуица во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin
Се вчитува....