9.8 C
Скопје
20:44 - 16 март, 2026

(Фото) Зоран Ванев се врати од Швајцарија во Македонија, оваа позната дама го угости

Пејачот Зоран Ванев се врати од Швајцарија во родната Македонија, а оваа наша позната шарматна дама го угости.

За Ванев се знае дека ги испеа хитовите „Ангела, Ангела“, „Јужна пруга“ и многу други и стана популарен во Македонија и во Србија. Потоа, замина во Швајцарија и стана доктор по природна медицина со своја ординација.

Ванев направи луксузна куќа во својот роден Штип, откако долги години има добар бизнис во Швајцарија. Тој веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина. Неговата клиника во Цирих станала место коешто го посетуваат луѓе од целиот свет.

Зоран Ванев дипломирал на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и е првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата доктор за природна медицина.

Сега, тој се врати во родниот Штип заради настап на фестивалот „Макфест“, каде што беше одлично пречекан од штипската публика со песната „Душо моја“.

На новите фотографии на Ванев се гледа дека знае и да го готви, а го пречекува една позната дама. Тоа е Драгица Стевковска-Дракче која неодамна имаше тешка операција и сега пак застана на нозе.

– Наскоро во третата сезона на ,,Гответе со Дракче“ песни и убав рецепт со Зоран Ванев
Ве сакамеее. Заборавив да ви кажам да пеемее „Ангела душо Ангела срце Ангела животе мооој“ – напиша Дракче.

Слични објави

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

(Фото) Ова е последната фотографија од Ксенија Пајчин! 48 часа пред смртта била со овој маж, се снимале во автомобилот

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Тоа остави трага врз неговото здравје“: Соседите проговорија за Ѓани откако имаше операција на срце

Еспресо
Се вчитува....