03:02 - 7 ноември, 2026

(Фото) Женава не старее: Вака изгледаше Татјана Стојановска на важен настан, сите ја фалат

Татјана Стојановска објави фотографија во елегантно издание на еден, за неа посебен настан, на која изгледа одлично, а многумина ѝ коментираа дека не старее.

Познатата ТВ презентерка и водителка била на Симпозиум за трансфузиологија, облечена во виолетова блуза и црно здолниште до над колена, комбинација што одлично ѝ стои.

Фото / Инстаграм

Татјана неодамна искрено рече колку чини нејзиниот нов фустан, а раскажа и каков убав накит ѝ купил сопругот, Михаил Китановски.

Гостувајќи во поткастот на Марио Арангеловски „Естраден лексикон“, таа одговори на неговото познато прашање: „Колку чини твојот аутфит?“

– Мојот аутфит е едноставен, ова е фустан што си го купив специјално за емисијава. Многу е евтин, имаше попуст.

Имаше и црн, јас си реков ајде во оваа боја, и чинеше само 1.300 денари. Чизмите ми се од македонски бренд, од Цаци Паковска, но купени ми се пред неколку години. Толку се удобни што само нив ги носам во овој период од годината – рече Татјана .

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....