2.8 C
Скопје
20:58 - 18 декември, 2024

(Фото) Запознајте ја фаталната девојка на новиот претседател на Аргентина кој сака секс во тројка: Фатима е секси танчерка, а тој поранешен мајстор по тантрички секс

Во неделата, Аргентина го избра екстремно десничарскиот економист Хавиер Милеј (53) за нов претседател, кој треба да ја преземе функцијата на 10 декември.

Сега, кога се во тек дискусиите за изборните резултати, ги покануваме читателите да се запознаат со новоизбраната партнерка на шефот на државата, Фатима Флорес.

42-годишната партнерка на Хавиер Милај е аргентинска актерка, танчерка и комичарка, која се стекна со слава преку нејзините пародии на сметка на поранешната аргентинска претседателка Кристина Фернандез де Киршнер.

Фатима се соочила со предизвици за време на нејзините тинејџерски години, борејќи се со нарушување во исхраната — конкретно, со анорексија. Сепак, овој тежок период придонел да стане силна и издржлива личност.

инстаграм
инстаграм
инстаграм

Таткото на Фатима, Оскар, бил архитект, а нејзината мајка Марта била професорка по географија. Парот, кој има три ќерки, се раздели кога Флорез имала девет години.

Во интервју за „Кларин“ во 2014 година изјавила дека уште од мала знаела дека ќе заврши во претседателската вила, кога за прв пат го видела хеликоптерот како лета над нејзината семејна куќа.

Во интервју за „Инфобеа“ во 2019 година, таа изјави дека уште во основно училиште сфатила дека еден од нејзините најголеми таленти е имитирањето познати личности и луѓе што ги познава.

„Мојот клас ужасно се плашеше од наставничката во шесто одделение во основно училиште бидејќи беше многу напорна и строга, па се обидов да ја ублажам тензијата со хумор. Ги имитирав нејзините движења, изрази на лицето и начинот на кој зборува и сите се смеевме заедно на пат кон дома“, рече Фатима.

Во декември 2022 година, Фатима го запознала својот денешен партнер Хавиер Милеј кога и двајцата се појавиле во популарното ток-шоу на Мирта Легранд – два месеци пред таа официјално да се раздели од нејзиниот сопруг. За време на интервјуто, Фатима му рекла на политичарот: „Ти си премногу осамен за твојата важна улога“. Во октомври, парот се врати во шоуто на Мирта за да потврди дека се забавуваат. Фатима објасни: „Почнавме да разговараме на Инстаграм и почнавме да се гледаме. Тоа дојде многу природно“.

Двојката ја опиша нивната љубов како „егзотична“. Фатима потоа објасни дека официјално се разделила од нејзиниот сопруг на нејзиниот роденден во февруари – споредувајќи го тоа со историската битка кај Сан Лоренцо во 1813 година.

Интересно е и како Хавиер стана омилен во Аргентина, за да стигне дури до претседателското место.

Имено, пред пет години тој одеднаш ја испроба среќата во омилените дневни ТВ емисии во Аргентина и продуцентите брзо сфатија дека гледачите не можат да се заситат од неговите луди тврдења за неговата сексуална издржливост и неговите дрски политички мислења. Отворено зборуваше и за секс во тројка.

Тој претпочита да се нарекува себеси анархо-капиталист, што значи дека би сакал да „откине“ што е можно повеќе владина интервенција и се да препушти на слободниот пазар. Хавиер гордо вели дека порано бил инструктор за тантрички секс– бавна, медитативна форма на сексуален однос заснован на источните филозофии каде што крајната цел не е оргазам, туку уживање во процесот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by March For Life (@marchforlife)

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....