За некои е човек во костим, други го споредуваат со Покемон, за некои пак е вонземјанин, а всушност е само орел. Харпија орелот е огромна птица која живее во дождовните шуми на Средна и Јужна Америка. Припаѓа во редот на најголемите грабливци, а способен е од земјата да крене мајмун или мрзливец.
View this post on Instagram
Достигнува должина од еден метар, а може да тежи и до пет килограми.
View this post on Instagram
Женките харпии се за 40% покрупни од мажјаците од истата врста, тежат до девет килограми, а најголема опасност за нивниот плен претставуваат нивните канџи од дури 13 сантиметри!
View this post on Instagram
Популарноста на интернет им расте, бидејќи луѓето обожаваат да гледаат слики од ова „чудовиште“. Покрај тоа, овие птици имаат многу интересни експресии, па изгледаат како да се шегуваат, да се збунети или просто ви покажуваат дека сте непосакувано друштво.
View this post on Instagram
Нивната популација за жал се намалува и тие спаѓаат во видот на загрозени животни. Бразилците го викаат „кралски орел“.