16:07 - 3 април, 2026

(Фото) За Џенифер Лопез „љубовта не чини ништо“: Само 42,5 милиони долари!

Суперѕвездата го стави на продажба својот имот во Бел Ер, кој повеќе личи на палата отколку на вила. Имотот од три хектари се наоѓа во област каде што живеат многу познати личности и може да се пофали со 9 спални соби и 12 бањи.

Како што вчера твитна NBC од Лос Анџелес, „Љубовта не чини ништо“ (Love Do not Cost a Thing), како што пееше Џеј Ло во нејзиниот сингл од 2001 година. „Но, истото не може да се каже за нејзината прекрасна палата на Џенифер Лопез во населбата Бел-Ер во Лос Анџелес“.

Фараонската палата, купена од Џеј Ло во 2016 година за 28 милиони долари и целосно реновирана во француски стил, е на продажба за неверојатна цифра од 42,5 милиони долари.

За продажба на вилата и околниот имот од околу три хектари, кој се наоѓа на блокот на Стоун Кањон Роуд, Џенифер Лопез ја задолжи агенцијата за недвижности Редфин. А токму на веб-страницата на агенцијата може да се видат и фотографиите и описот на имотот.

Redfin Real Estate

„Редок и извонреден имот во близина на хотелот Бел Ер“, стои во описот.

„Оригинално дизајнирана од култниот архитект Семјуел Маркс и повторно редизјанирана во маестрален француски стил во камен и дрво, и опкружена со зеленило. Главното ниво располага со дневна соба со високи тавани, бар, камин и челични прозорци и врати кои се отвораат кон камените тераси.

Трпезарија, кујна со вградена терпезарија и камин направен од камен. Голема семејна соба/соба за игри со бар што излегува на тераса со „бесконечен“ базен. Од сите спални соби се излегува на големи тераси со извонредна глетка. Салонот е на пониско ниво, каде што е и киносалата со 30 седишта, совршена за филмски вечери“.

Redfin Real Estate

 

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....