2.8 C
Скопје
04:28 - 25 март, 2026

(Фото) Водителката Александра објави прва слика од синчето Лука: Побогати за еден цел свет

Водителката Александра Јовановска од МТВ го покажа синчето Лука кој се роди на 10 ноември. Во нивниот дом во новогодишен дух, таа објави слика од бебето и напиша:

-Влегуваме во 2026-та побогати за еден цел свет..Лука. Среќна Нова- објави Александра, , водителката на емисиите „Наш подиум“ и „Стисни плеј“ на Инстаграм. Претходно, шармантната новинарка не објави јавно за својата бременост.

Нејзиниот партнер Ангел Здравковски е музички продуцент и ди-џеј на псај-транс музика со интернационална кариера.

-Во изминатите години неколкупати го прелета светот од Австралија до Бразил. Од него учам многу за музичката продукција. Ја анализираме домашната музичка сцена и секогаш барам мислење за новите македонски песни кои ги преслушуваме.

Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. 22 години се навистина значајна бројка, но ни тој, ниту јас сме оптоварени со времето. Не го сметаме за товар, ни за голем успех. Живееме заедно,. Секоја љубов е приказна за себе-рече Алексамдра во една прилика за „Женски магазин“.

 

 

Слични објави

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....