Александра Пријовиќ, моментално е една од најпопуларните пејачки во регионот, а многу од нејзините фанови се прашуваат за нејзиниот роден град и каде израснала.
Прија е родена на 22 септември 1995 година. Интересно е што израснала во Бели Манастир (во домот на дедо ѝ и баба ѝ, родителите на нејзината мајка), мало гратче во источна Хрватска, а потоа се преселила со мајка ѝ во Бачка Топола.
Инаку, Александра е родена во Сомбор.
Додека била на мала возраст нејзините родители Борка и Недељко се развеле.
Уште пред да стане позната, во едно интервју Прија заборува за детството и тинејџерскиот период.
Мајка ѝ се бавела со пеење, а бидејќи имала настапи, Александра често ја чувале баба ѝ и дедо ѝ. Токму бабата е главна виновничка што Прија влегла во светот на музиката.
– Околината во која живеев беше безмилосна кон мене, но и кон мајка ми. Не навредуваа и понижуваа без никаква причина. Постојано ни кажуваа тешки зборови кои ме повредуваа. Така беше и на училиште. Децата ми велеа дека сум ваква или онаква. Бев мала и навистина ме болеше. Сите се дружеа меѓу себе, само јас имав една другарка. Зборовите што ми ги упатуваа можеа да ги слушнат само од нивните родители, и често се прашував зошто тоа е така зашто ништо лошо не им направив – рече пејачката, а потоа продолжи:
– Сакав да бидам како нив, да си играме убаво и да се дружиме. За жал, дури кога постигнав нешто во мојот живот, тие се сетија дека постојам. Се разбира, не ги обвинувам, разбирам се, но не ми беше пријатно ниту на мене, ниту на мајка ми. И таа многупати на своја кожа ги слушнала навредите упатени кон неа кои ја прободуваа како меч. На сите им излегуваше во пресрет и им помагаше колку што можеше. Таа имаше убав збор за сите, а луѓето ја озборуваа зад нејзиниот грб. Бев присутна милион пати кога ја повредија. Поучена од тоа искуство, често ми велеше дека еден ден и јас ќе доживеам да зборуваат за мене лошо, но дека во тие ситуации треба само да ја свртам главата на другата страна и да се правам дека не ги забележувам бидејќи таа злоба само ќе ме повреди – рече Александра сеќавајќи се на детството.
Иако нема убави спомени од училиште, Прија настапувала на училишни приредби и разни социјални настани. Штом почнала да заработува повисоки хонорари, Александра решила да ја среди куќата на баба ѝ и дедо ѝ во Хрватска, за да имаат поубав и подобар простор.
Нејзината музичка кариера започнала на 14 години и тогаш го добила првиот хонорар, кој изнесувал 1.000 евра. Таа во една прилика истакна дека првите заработени пари, како и сите наредни, ги давала на семејството и дека никогаш немала големи желби, туку дека најважно ѝ е драгите луѓе да имаат се што им треба.