13:54 - 6 април, 2026

(Фото+видео) Во друштво на најблиските: Миа Костова го прослави 41 роденден во луксузен скопски ресторан

По минатогодишната гламурозна роденденска забава во бохо стил, водителката и инфлуенсерка Миа Костова годинава одлучи роденденот да го помине во посмирена, но подеднакво елегантна атмосфера.

Костова вчера, 9 октомври, наполни 41 година, а овојпат свеченоста ја организираше во еден скопски ресторан, во друштво на мал, внимателно одбран круг најблиски пријателки.

За специјалната прилика, таа блесна во црн тантелен аутфит со впечатлив накит, дискретна шминка и елегантно собрана коса во пунџа.

Вечерта ја помина во топол амбиент со чаша вино, вкусна вечера и многу насмевки. На фотографиите што ги објави на Инстаграм, може да се забележи и чоколадната торта со една свеќичка во центарот.

Пред да започне прославата, таа им се обрати на своите следбеници со топла порака.

„Драги луѓе, денес имам толку многу пораки и убави зборови што не можам доволно да ви се заблагодарам. Посакувам сите на својот 41. роденден да си речете – ‘Не сакам ништо повеќе, не сакам да сум на ниту едно друго место’. Посакувам здравје, сила и чиста мисла. Немате поима какво е чувството да имаш над 80.000 луѓе на едно место. Ве сакам!“.

Слични објави

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin
Се вчитува....