4.8 C
Скопје
23:50 - 2 март, 2026

(Фото+видео) Влатко Миладиновски испиша историја: Вакво нешто не се случило на фолк концерт досега

Влатко Миладиновски испиша историја сношти, како првиот македонски фолк-пејач кој ја наполнил салата „Борис Трајковски“. Се пееше и се играше до после полноќ, а публиката никако не сакаше да го пушти да си оди.

Миладиновски е голем патриот, па го почитува и цени своето родно Кичево. Оттаму изброт на гости му беше од неговиот крај. Дел од гостите беше Влатко Лозаноски, па Миладиновски изненади кога го испеа неговииот голем хит „Километри“.

Гостин беше уште еден кичевчанец кој како што се очекува од него направи вистински џумбуш, а тоа е Спасен Силјановски со неговата „Ќе ти дојдам“. Она што е исто така пријатно изненадување е гостувањето на „Некст тајм“, а Влатко со дуото ја испеа „Ја излези Ѓурѓо“, на што настана уште еден „лом“ во салата.

Дел од гостите беа и најблиските на Влатко, неговиот брат Златко Миладиновски со својот оркестар, но и братучед му Дамјан Стојаноски,  син на легендарниот Војо Стојаноски. Концертот го надополнија играорци, танчари, богата сцена со одлично осветлување, и секако веселата публика. Концертот беше во организација на продукција „Балкан медиа“ .

Фото/ Фејсбук

Влатко Миладиновски е најзапаметен по песната „Велат не нема“, но сношти испеа уште многу други. На крајот, како вистински човек од народот, се симна во публиката, за да им се заблагодари за поддршката и се поздрави со многу од нив.

-Историја испишана со Македонска песна. Срца отворени, души разбудени, македонската музика во својата најчиста форма. СЦ „Борис Трајковски“ – полн, гласен и жив, со Македонија на нозе. Ви благодарам на сите за незаборавните моменти- напиша пејачот на фејсбук по концертот и го објави ОВА видео.

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....