8.8 C
Скопје
17:29 - 27 март, 2026

(Фото+видео) Северина порача дека животот е краток, па на обожавателите им покажа како ужива во него

Хрватската пејачка Северина повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи, но овој пат не со најава за нов концерт или гламурозно модно издание, туку со интимна и трогателна порака за животот.

– Животот е прекрасен, но краток. Не го гледајте настрана. Во него има многу прекрасни работи… и луѓе. Сакајте го, бидете сакани, смејте се и гушкајте се многу… затоа што денес е Светски ден на прегратките – напиша Северина на социјалните мрежи.

А, дека така се чувствува покажа преку серија фотографии и кратки видеа.

Северина сподели кадри од своето секојдневие. Прошетка покрај сплитскиот брег, кафе на сончева тераса, дружење во добро друштво и моменти на смеа кои како да се случајно фатени, а не планирани. Фотографиите од семејната роденденска забава за нејзината мајка, кои ги вклучи меѓу другите снимки, особено привлекоа внимание.

Додека споделува вакви опуштени моменти на социјалните мрежи, Северина е зафатена и со голем приватен проект. Го уредува својот нов дом од речиси 400 квадратни метри во Шестине, Загреб. Луксузната вила, која беше продадена на Њушкал за 1,5 милиони евра, се наоѓа во мирна уличка со поглед на Медведница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

(Фото) Раперот Нучи итно хоспитализиран: Среде ноќ, со фотографија ги загрижи сите

Еспресо

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо
Се вчитува....