Лана Лурдес Рупиќ, 18-годишна убавица од Шибеник, ја освои титулата 35-та кралица на Хрватска, најстариот избор за убавина во земјата. Она што дополнително привлекува внимание е фактот дека Лана е ќерка на познатиот хрватски актер Горан Вишњиќ со холивудска кариера.
View this post on Instagram
Убавицата Лана, родена во 2007 година, на јавноста ѝ е позната уште од претходно. Иако не го носи неговото презиме, нејзиниот татко е познат хрватски актер со холивудска кариера, згодниот Горан Вишњиќ. Веста за победата на Лана на изборот за убавина се прошири низ регионот со молскавична брзина и од минатото повторно извлече стара приказна…
Вишниќ стекна светска слава благодарение на улогата на доктор Лука Ковач, кој го замени Даг Рос, односно Џорџ Клуни, во супер популарната серија „ЕР – ургентна соба“.
Кралицата на поп музиката Мадона го избра токму Вишњиќ како актер за нејзиниот голем хит „The Power of Goodbye“, а во холивудските води вплови заедно со хитовите „Миротворец“, „Практична магија“, „Електра“ и други филмски остварувања.
Еден од најуспешните актери кои потекнуваат од овие простори денес ужива во хармоничен семеен живот далеку од Холивуд во Велика Британија.
Од 1999 година е во брак со Ивана (Ева) Врдољак, ќерка на познатиот режисер Антун Врдољак, со која има три деца – синовите Тина и Виго и ќерката Софија. Две се посвоени, едно е биолошко. Но, згодниот актер има и една бурна љубовна епизода зад себе…
Вишњиќ во центар на вниманието се најде во 2007 година, кога се роди неговата вонбрачна ќерка Лана, која ја доби со неговата поранешна школска другарка Мирела Рупиќ. Тоа се случило кога дошол во родниот Шибеник на одмор во летото 2006 година. Иако првично негираше сè, на крајот призна дека имале афера.
– Излегов во градот да се опуштам со моите пријатели. Таа вечер во тоа кафуле беше и Мирела, која дојде да се поздрави, бидејќи не сме се виделе од основно училиште. Во Америка ужасно ми недостасува моето друштво и бидејќи многу работам, немам време за забави како луѓето овде. Алкохолот делуваше на мене и тоа како, веројатно и поради исцрпеност од временската разлика. Тоа не е нешто на што сум горд, се разбира, но сум подготвен да се соочам со последиците за секое мое дело. Што се однесува до деталите, верувајте ми, не се сеќавам на ништо – изјавил тој за „Стори“ во тоа време.
По скандалот, Горан Вишњиќ не одел во Хрватска три години, а долго време се карал со Мирела преку медиумите. На крајот, сепак успеале да средат сè, па во 2019 година бил снимен во Дубровник додека шетал со неговата ќерка Лана по Страдун.
Лана пораснала далеку од очите на јавноста. Во детството се соочила со сериозни здравствени проблеми поврзани со автоимуна болест, но состојбата се стабилизирала со текот на времето и денес води здрав живот. Таа е вистинска убавица. Заслужено победи на престижниот натпревар, па ќе ја видиме во финалниот избор за Кралица на светот. И нејзината мајка не крие колку е среќна и горда.

