17.8 C
Скопје
11:39 - 26 март, 2026

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Пејачот Огнен Здравковски сподели убави семејни вести и фотографии со посебен повод.

Неговата мајка, познатата пејачка на народна музика Софче Џорлева се пензионираше од Националната опера и балет каде што го помина работниот век и го прослави својот 64 роденден.

Многу гости, весела атмосфера, и Огнен кој запеал специјално за својата мајка се дел од сликите и видеата кои ги сподели пејачот.

Фото/Инстаграм

Софче е ќерка на легендарниот музичар Наско Џорлев, а сестра на познатиот виолинист Зоран Џорлев, кој за жал почина на 1 јануари во 2021 година, а таа тешко ја поднесе загубата на својот брат со кој беше многу блиска.

Фото: Фејсбук/Огнен Здравковски

Огнен неодамна ѝ посвети емотивна објава на мајка си по повод пензионирањето.

 „После цели 40 години поминати на сцената во Македонска Опера и Балет, со безброј претстави, аплаузи и незаборавни моменти, мојата мајка заминува во заслужена пензија. Живот посветен на сцената, на уметноста и на публиката. Љубовта кон сцената не се мери со години и таа никогаш не се пензионира. Горд сум на се што остави зад себе, чест ми е што ја делевме сцената заедно и уште погорд што сум твој син. Да си ми жива и здрава мамо и уште многу долги години да си ја трошиш пензијата. Те сакам“, напиша Огнен за мајка си.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....