6.8 C
Скопје
04:50 - 31 март, 2026

(Фото) Тој прв ја донесе Цеца во Македонија: „Јас сум виновен!“

Се огласи човекот кој прв ја донел Светлана Цеца Ражњатовиќ во Македонија, по скандалот кој се случи викендов на концерт во Велес, откако пејачката се завитка во бугарско знаме и публиката ја исвирка.

Тој објави постара фотографија од него и од Цеца која е од 1980-тите години и напиша: „Јас сум виновен, прв ја донесов Цеца во Македонија, хахаха“.

Фото/ Фејсбук

Станува збор за диџејот и менаџер Славе Ќелешовски, кој е по потекло од Струга, а сега живее во Америка. Во една прилика, тој збoруваше за неговата соработка со Цеца и со други пејачи во „Слободен печат“. Иако е пензионер, тој е страсен велосипедист, и ако во САД вози и до 120 километри по рамно, едвај чека да дојде во Македонија и да извози некоја планинска тура.

Славе беше и менаџер на повеќе дискотеки и клубови, а организираше концерти и на најголемите екс-југословенски ѕвезди: Жељко Бебек, групата „Плави оркестар“, Бајага, Рамбо Амадеус.

Славе бил првиот што ја донел фолк-пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца на настап во Македонија.

– Цеца прв ја донесов во Македонија со касетата „Цветак-зановетак“. Организирав викенд-концерти, а таа уште одеше на училиште, во Гимназија, а татко ѝ ја носеше во едно црвено југо. По концертот во Куманово, кој беше во четврток, си одеше дома во Житораѓа, за петок повторно да се врати во Тетово, па потоа Струга, па Битола. Беше млада и не се надевав дека толку ќе успее. Бев и кај неа дома, во Житораѓа – рече Ќелешовски.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....