17:42 - 10 декември, 2025

(Фото) Те сакам: Ова ѝ го порача Васил Зафирчев на Калиопи во еден емотивен момент

„Те сакам“, ѝ порача Васил Зафирчев на Калиопи во еден многу важен и многу емотивен момент кој актерот го сподели.

На својот инстаграм-профил, Васил Зафирчев објавил фотографија од неделниот концерт на Калиопи во Филхармонија на кој бил гостин. На видеото на кое Калиопи пее емотивна балада, тој додал: „Те сакам“.

Васил Зафирчев и Калииопи беа во брак седум години и останаа во блиски пријателски односи откако се разведоа. Зафирчев е еден од најголемите поддржувачи на музиката на Калиопи. Тие беа во брак од 2004 до 2011 година.

– Од бракот со Калиопи научив дека во љубовта најважно е пријателството. А, јас дали сум вљубен… Јас сум лесно вљублива природа. Затоа, секогаш сум исполнет. И сега делиме секојдневие. И живот. Со заемна љубов, почит и поддршка – рече Васил Зафирчев во едно интревју за „Слободен печат“.

Инаку, Калиопи одржа три фантастични конецерти во Филхармонија, а ја очекуваат и четвртиот на 30 декември.

– Уште една ноќ обоена во емоции… И овој трет концерт ме остави без спиење, затоа што сѐ уште сум таму, со моите прекрасни луѓе на сцена и со вас – публиката, драги мои… Срцето кога не спие, не може никој… Се радувам и бескрајно сум благодарна на сите оние кои што го делеа со нас ова патување …
Ох, КАКВА НОЌ!!! Се гледаме повторно на 30-ти декември! Ве сака Калиопи – напиша таа на Инстаграм.

Слични објави

Каков срам! Ѓорѓе Давид навредил девојка во инвалидска количка: „Дали си неспособна, ти требаат кранови за да те префрлат?

Еспресо

Огнен Амиџиќ „искеширал“ 200.000 за шопинг: Еве на што трошел водителот без бремената сопруга

Еспресо

Сопругата на холивудската актерка е бремена, нивното второ бебе е веќе на пат

Еспресо

„За малку ќе бев силувана!“: Анабела Атијас првпат за стравичната драма низ која поминала

Еспресо

(Фото) „Силви бенд“ во несекојдневно издание, елегантни на посебен настан

msp-admin

Аца Лукас го избриша дуетот со Маја Беровиќ од Јутјуб: „Нема повеќе да заработуваат на мое име“

Еспресо
Се вчитува....