Тамара Калиниќ, најпознатата и најбога српска инфлуенсерка и модна блогерка, се сврши со италијанскиот менаџер Филипо Теста.
Таа објави серија фотографии и видеа на Инстаграм на кои се гледа како оди на моминска забава со приватен авион на посебна локација.
View this post on Instagram
Освен ексклузивната храна, пијалаците, додатоците, се издвојува еден сосема различен детаљ кој го привлече вниманието на сите – персонализираните маички што ги носеа девојките, на кои беше претставен идниот сопруг на Тамара, и тоа без облека!
Тука е и пораката – „Плимата е висока, но јас се држам, ќе бидам твојот број еден“ (The tide is high but I’m holdin’ on, I’m gonna be your number one), што е стих од познатата песна што ја изведува Блонди.
View this post on Instagram
Планови за венчавката
Во јуни 2023 година, Филипо ја запроси Тамара, на нивната омилена заедничка дестинација, честопати нарекувана нивно бегство од реалноста, во италијанскиот град Равело.
Филипо снимил касета каде на српски јазик ја побарал раката на Тамара од нејзиниот татко, а потоа извадил гламурозен прстен, за кој медиумите пишуваа дека чини 23.000 евра.
Одговорот беше „да“, и по свршувачката, започнаа подготовките за свадбата.
View this post on Instagram
Тамара ја сподели првата проба за венчаница на нејзиниот тикток-профил.
Во едно од нејзините видеа ан Јутјуб, инфлуенсерката истакна дека сака нејзата венчаница да биде потпишана од италијанската модна куќа „Валентино“.
@tamara Trying on wedding dresses for the first time🥹 Prepare for the wedding content now that we have so much work to do #bridetobe #weddingdress #wedding ♬ Chopin Nocturne No. 2 Piano Mono – moshimo sound design
Кој е Филипо Теста?
Италијанецот се смета за еден од најмоќните луѓе во светот на модата. Тој е менаџер на големи модни брендови како што се „Оф-вајт“ и „Балмејн“, а Тамара еднаш зборувала за својот свршеник како гостинка во емисија.
View this post on Instagram
Како започнала нивната љубов?
Тамара откри како се запознале таа и нејзиниот свршеник и како започнала нивната љубовна приказна.
„Случајно дојдов на роденденската забава на мојата пријателка, всушност имав други планови таа вечер. Беше во Париз, многу интимна забава во нејзината хотелска соба. Никогаш не сум ја раскажала таа приказна“, рекла таа во таа пригода насмевнувајќи се од среќа, па додала:
„Имаше околу петнаесет луѓе, сите беа луѓе од светот на модата и сите ги познавав. Него не го познавав, но ми беше толку интересен, не знам што ме привлече, јас немам тип на маж и обично не се заљубувам на начинот на кој ќе видам некого и се заљубив. Потребен ми е тој некој шарм.“
И јас сакав толку многу да разговарам со него и ја поминав целата вечер со него. И, гледам дека и тој зборува само со мене и во еден момент ме праша: „Дали утре ќе те видам на некоја модна ревија“, но јас помислив, како маж, прашува дали ќе ме види, ќе ме видиш, чао… Ми се јави наутро: „Дали тргна, те чекам на врата…“, раскажала таа, па признала што најмногу ја привлекувало.
„Некако имаше силен став, тоа ме привлекуваше. Потоа ме праша на првиот состанок, дали сакам утре да вечераме со него, но не знаев дали е деловна вечера или не, не бев сто проценти сигурна. Реков да, ми се допаѓаше, но малку се плашев, бидејќи не сакав да излегувам со некој од модата, за утре да не биде нешто непријатно“, откри Тамара и призна дека набрзо сфатила дека многу ѝ се допаѓа.
„По триесет минути видов дека ми се допаѓа, дека не е деловна вечера и му реков: „Ми се допаѓаш“. Немам време, ако ти се допаѓам, одлично, ако не ти се допаѓам, збогум. Беше многу изненаден и ми рече: „Не го очекував ова, но и ти ми се допаѓаш. Но, не се познаваме…““, рече инфлуенсерката и откри нешто повеќе за карактерот на нејзиниот избраник.
„Видов дека е многу искрен. Очекував, бидејќи имаше голем успех во светот на модата, дека ќе почне да се фали на тој прв состанок, да ми раскажува, но мислам дека жените не ги сакаат фалбаџиите, а тој ги минимизираше сите свои успеси. Беше некако скромен… Сè се случи многу брзо, многу брзо почнавме да живееме заедно.“
Тамара и Филипо сега својата голема љубов ќе ја крунисаат со брак.
