10:06 - 14 ноември, 2026

(Фото) „Таа ги засени сите“: Тарик Филиповиќ позираше со познатата шпанска актерка во Мадрид

Тарик Филиповиќ моментално снима филм во Шпанија, а во таа прилика на Инстаграм сподели дека бил и на фудбалскиот натпревар со Реал Мадрид каде се сретнал со холивудската актерка со шпанско потекло, Пенелопе Круз.

Филиповиќ позирал со познатата актерка, а на својот Инстаграм сподели и неколку фотографии со играчите на Реал Мадрид, Дани Карвахал, Лукас Васкез и Давид Алаба, како и видео од натпреварот. Во негово друштво бил режисерот Харис Дубица, а Тарик го искористи и за да го пофали Лука Модриќ.

„Ден пред продолжението на снимањето во Мадрид, посета на натпреварот на Реал и култниот стадион ‘Сантијаго Бернабеу’. Секогаш е задоволство да се гледа нашиот маестро Лука Модриќ“, напишач Тарик на почетокот на објавата.

Тарик и во својот хумористичен стил напиша дека од сите големи играчи кои ги сретнал на натпреварот во Мадрид, „еден играч ги засенил сите“.

„Од сите големи играчи кои имавме среќа да ги видиме, еден играч ги засени сите други. Прекрасна колешка, со искрени очи, исто таква насмевка…Пенелопе Круз. Можеби некогаш ќе бидеме заедно на снимање, ќе се намалам колку што треба“, додал тој.

Слични објави

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо
Се вчитува....