0.8 C
Скопје
07:25 - 22 ноември, 2024

(Фото) Стопати позгоден од Роналдо, ама многу посиромашен: Овој фраер ѝ бил момче на Џорџина Родригез кој го оставила за да брка пари и слава

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се заедно од 2016 година.

Двојката во април минатата година изгуби еден од нивните близнаци, синот, а Џорџина на почетокот на мај откри дека на својата ќерка ѝ го дале името Бела Есмералда. Кристијано и Џорџина претходно ја имаа ќерката Алана, а тој со помош на сурогат мајка ги доби синот Кристијано Јуниор и близнаците Матео и Ева.

Како што откри манекенката во своето шоу „Јас сум Џорџина“, го запознала фудбалерот во дизајнерската продавница Гучи во Мадрид, каде што работела. Неколку месеци подоцна ја поканил на вечера и хемијата меѓу нив била очигледна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Иако е добро познато дека Родригез живеела далеку поскромно пред Роналдо, многу помалку се знае за нејзиниот љубовен живот.

Меѓутоа, странските медиуми открија со кого била Џорџина пред да влезе во врска со фудбалерот.

Станува збор за 29-годишен авантурист и фотограф со прекар „Див Јава“, кој ѝ бил голема средношколска љубов, а кој привлече внимание со учеството во шпанското реално шоу „Островот на искушенијата“.

И денес тој е фотограф и авантурист, а и прилично е згоден. Има голм број следбеници на социјалните мрежи, каде постира неверојатни фотографии од неговите – главно спортски – авантури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Javi (@salvajetravel)

Нивната врска завршила во 2011 година и никогаш јавно не зборувале за тоа што довело до крај на нивната љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Javi (@salvajetravel)

Странските медиуми пишуваат дека раскинале затоа што Џорџина решила да се занимава со манекенска кариера и се преселила во Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Javi (@salvajetravel)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Javi (@salvajetravel)

Пет години по завршувањето на врската со Јави, аргентинската убавица го запозна Роналдо, кој ја однел на прв состанок во Дизниленд. Нивните фотографии го преплавија светот за неколку секунди. Сите сакаа да знаат која е заносната убавица покрај фудбалерот кој претходно беше во врска  со една од најубавите жени на светот, руската манекенка Ирина Шајк.

Инаку, Џорџина е родена во 1994 година во Аргентина, но пораснала во северниот дел на Шпанија. Нејзиниот татко Хорхе, кој почина во 2019 година, бил поранешен фудбалер кој одлежал десет години затвор за дилање дрога, па малата Џорџина и постарата сестра Ивана се нашле сами со својата мајка и без финансиски средства.

За да излезе од сиромаштијата и да им врати на родителите за се што вложиле во неа, Џорџина се обидела да стане професионална балерина, но не успеала бидејќи нејзиното тело почнало брзо да се развива. Тогаш сакала да студира мода, но парите биле пречка за нејзиниот успех, а потоа во 2011 година следувала голема трагедија.

Нејзината мајка загинала во сообраќајна несреќа, по што Џорџина се вработила како келнерка во локален ресторан, а потоа заминала во Англија да работи како чистачка, дадилка и да заврши факултет.

Се вратила во Шпанија со познавање англиски јазик, диплома и искуство, и се преселила во Мадрид, но сепак и требале пари, па се вработила во продавницата Гучи.

„Нејзината убавина и тело веднаш ми паднаа во око“, изјави своевремено Кристијано Роналдо, признавајќи дека по природа е многу срамежлив.

 

 

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....