10.8 C
Скопје
21:17 - 10 април, 2026

(Фото) Специјално роденденско изнеанадување за Јована Стојменовиќ: Еве каков подарок доби

Водителката Јована Стојменовиќ доби специјално роденденско изненадување кое ја остави без текст.

Јована сподели видео како го отвара подарокот од своите драги колеги, и низ насмевка вели: „Ајде да видиме што ми купиле моите колачиња, дали ме пратиле некаде на некој одмор?“

Во пликото е вредносен ваучер за очила за сонце, а Јована од радост во првиот момент не може да поверува. Потоа ги прегрнува колегите и им вели „браво“.

Згодната водителка на Утринската програма „Ја сакам Македонија“ на ТВ „Сител“ доби многу честитки на нејзината инстаграм-приказна од пријатели, колеги и од сестра ѝ.

Во една прилика, за „Слободен печат“, таа зборуваше за својот карактер и приватен живот.

„Она што искрено го почитувам е одлуката на еден пар да живее онака како што ним им одговара. Сите имаме некоја своја визија за партнерство и таа не треба да се темели на она што ќе го каже некој од страна, туку на она што човек го чувствува. Гаранции нема за ништо. А она што е сигурно е дека човекот има исконска потреба да сака и да биде сакан. И да, постои вечна љубов. Кој може да ви забрани да сакате некого засекогаш?“, рече за својот партнер Јована.

„Искрена сум. Тоа е убава особина. Инаку, би требало да сум таква некаква симпатична личност. Има работи кои се менуваат кај мене и малку по малку, ми се допаѓаат промените, не знам за околината“, рече водителката за себеси.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....