13:55 - 1 април, 2026

(Фото) Специјална фотографија од Маријана од Австралија, ги изненади блиските

Маријана Новачевска изгледа одлично на новата фотографија којашто неодамна ја објави од Мелбурн, Австралија, каде што живее повеќе од 30 години.

Многумина го пофалија младешкиот изглед на Маријана која е шарматна дама со стил и не се сменила многу од времето кога со нејзината сестра близначка, Росана Сариќ-Тодровска ги пееше хитовите „Признавам“, „Едно срце имам душо“ и многу други. Пријателите на Маријана позитивно се изненадија од оваа фотографија.

Фото / Фејсбук

На Велигден во 2020 година, Маријана Новачевска стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ева, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски, кој почина во 2022 година.

Маријана која со семејството долги години живее во Мелбурн, работи како стоматолог и се повлече од јавноста и од музиката. Таа има и ќерка Магдалена која е убава на мајка ѝ. Има еден статус кој Маријана го објави пред извесно време, а предизвика многу коментари:

– Постојат луѓе кои не играат, како другите што ќе им свираат. Тие не се сечии, кои било и безнадежни.

Толерантни се, свои, храбри и не се плашат од предизвиците на животот, понекогаш тврдоглави, а некој би кажал чудни, малку удрени и надмени.

Тие луѓе се сепак мали а големи, необични и упорно свои. Е, баш тие луѓе не ја бркаат среќата затоа што среќата се тие самите“.

 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....