13:06 - 7 април, 2026

(Фото) Специјална приказна за синот: Јоце Панов со емотивна објава

Емотивна објава за својот син сподели пејачот Јоце Панов, кој има посебен повод за тоа.
Имено, синчето на Јоце слави роденден, а гордиот татко со фотографија од синчето напиша: „Среќен 6-ти роденден синко. Да си ми жив и здрав“.
Фото / Фејсбук
Панов неодамна во интервју за емисијата „Животна приказна“ отвори едно болно, но искрено поглавје од својот живот — детството што прерано му било одземено поради смртта на неговиот татко.
– Татко ми почина ненадејно, на само 49 години, од мозочен удар. Уште ми е пред очи моментот кога стоев надвор во темнината и ја чекав брзата помош. Мислам дека тоа беше крајот на моето детство — тогаш сфатив дека морам да бидам силен – раскажа пејачот.

Пејачот кој е по потекло од Штип, во истата емисија на МТВ, на водителката Здравкица Милиќ ѝ раскажа за моментот кога мајка му починала.

– Живеев цел живот под кирија овде во Скопје, и како да чекаше да уплатам свој стан. Само што го завршив тоа, чекаше да ја запросам девојка ми, жена сега, и само што се случи тоа…

Таа имаше проблем со шеќерот, од сите стресови нормално, и ја однесов во Штип. Таа често седеше кај мене, по 2-3 недели седеше во Скопје. Ја однесеов во Штип, едноставно ми јави брат ми… рече Јоце Панов.

Слични објави

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо
Се вчитува....