12:36 - 16 ноември, 2026

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

​Сопругата на пејачот Дарко Илиевски, кој веќе неколку години живее и работи во САД, јавно му изјави љубов на социјалните мрежи.

Поводот беше роденденот на Дарко.

Дека семејната среќа му е на прво место, потврди и емотивната објава на социјалните мрежи.
​Неговата сопруга, Ивана, сподели прекрасна семејна фотографија на која парот позира заедно со нивните две деца.

​„Среќен роденден на човекот кој прави сè да биде возможно“, напиша Ивана под заедничката фотографија.

Фото: Инстаграм

​На фотографијата се гледа насмеаното семејство како ужива во сончевото време покрај базен, амбиент кој е карактеристичен за нивното секојдневие на Флорида. Дарко, кој беше еден од најмилените вокали на македонската поп-сцена, успешно се прилагоди на животот „преку барата“, но очигледно е дека најголемата инспирација и успех му се токму неговите најмили.
​Иако е далеку од домашната естрада, Илиевски сè уште е актуелен кај македонската публика, која со интерес ги следи неговите приватни и професионални успеси во странство.

Слични објави

Породи се Зорана Тасовац, сопругата на Саша Ковачевиќ: Стигна долгоочекуваниот син

E.A.

Марија Шерифовиќ го прослави 42. роденденот и ја напушти Србија: Со Јована Пајиќ донела одлука, ги промениле сите планови

К. А.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

Ручек што можете да го подготвите однапред — рецепт за кремасти макарони со чедар и пармезан

К.С.

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.
Се вчитува....