6.8 C
Скопје
21:03 - 26 октомври, 2026

Мелина го „баталила“ факултетот поради Харис – модната дизајнерка била одлична студентка, а еве што студирала

Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ повторно е во фокусот на јавноста, откако неодамна се омажи за британскиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд Деј во Монако, а прославата продолжи во Италија.

Додека на социјалните мрежи се водат дебати за нејзиниот приватен живот, малкумина знаат дека Џиновиќ имала сериозен академски пат пред да се посвети на семејството.

Таа е родена во Бихаќ во 1982 година, а подоцна се преселила во Загреб, каде што го завршила основното и средното образование. Потоа се запишала на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Загреб, на насоката англиски јазик и лингвистика.

Како студентка важела за одлична, а испитите ги полагала со леснотија. До 2002 година веќе била апсолвент, односно пред самиот крај на студиите.

Сепак, токму тогаш донела одлука да го прекине образованието и да стапи во брак со пејачот Харис Џиновиќ, кој е значително постар од неа.

Оваа одлука предизвикала несогласувања во нејзиното семејство, кое не ја поддржувало идејата да се напушти факултетот непосредно пред дипломирање.

„Го оставив факултетот во четврта година и не зажалив. Мајка ми постојано ми велеше дека мора да дипломирам, но јас не го направив тоа. Тоа не е совет за другите, бидејќи е голема штета да се напушти факултет пред крај“, изјавила таа во едно интервју.

И покрај тоа што не го завршила факултетот, Мелина Џиновиќ подоцна изгради успешна кариера во модната индустрија.

Слични објави

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....