8.8 C
Скопје
19:48 - 26 октомври, 2026

(Фото) Ќерката на Велевска стана полнолетна: Софија е убава на мама

Елена Велевска има голем повод за славење. Нејзината најстара ќерка, убавата Софија, го прослави својот 18-ти роденден, официјално влегувајќи во светот на возрасните.

Популарната фолк-пејачка, која секогаш истакнува дека децата ѝ се најголемиот успех и гордост во животот, сподели емотивни моменти од роденденската забава која се одржала во познат хотел во Охрид на социјалните мрежи. На фотографијата која привлече најмногу внимание, славеничката Софија блеска во елегантен бел фустан, позирајќи покрај мајка си и својот брат Марко.

Софија веќе одамна го привлекува вниманието на јавноста со својата природна убавина и грациозност, а многумина коментираат дека таа е „слика и прилика“ на својата славна мајка.

Фото/Инстаграм

Под објавата на Инстаграм, каде Елена го сподели среќниот момент, веднаш се нижеа честитки од колегите и пријателите. Меѓу првите се јави пејачката Сузана Гавазова, која на својата колешка и на славеничката им посака: “Среќен роденден и среќно полнолетство!”

Иако Елена Велевска важи за една од најангажираните пејачки на нашата сцена, таа секогаш наоѓа време да биде максимално посветена на своите три деца: Софија, Марко и Калија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Velevska (@evelevska)

Слични објави

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.
Се вчитува....