11.8 C
Скопје
20:08 - 3 април, 2026

(Фото) Соња Тарчуловска ги покажа таткото и сестрата од Пробиштип, но многу ѝ фали покојната мајка

Соња Тарчуловска го покажа своето семејство од родниот Пробиштип, поточно својот татко и својата сестра. За жал, на фотографијата не е мајката на фолк-пејачката која почина на крајот од 2023 година.

Фото / Фејсбук

Поводот за овие фотографии е 77-от роденден на татко ѝ, а Соња напишала: „ТАТО Среќна 77-ка биди жив и здрав. Ние те сакаме сите“.

На фотографиите се и нејзините две поголеми деца, Мелани и Младен.

Соња со татко ѝ и со сестра ѝ Фото / Фејсбук

На едно од видеата е познатата песна од Адел „Пред милион години“ во која таа пее дека ѝ недостасува мајка ѝ, а Соња ја објавила токму оваа песна. Кога се навршија 40 дена од смртта на мајка ѝ, Соња објави емотивна посвета:

Соња со татко ѝ и децата Мелани и Младен Фото / Фејсбук

– Да знаев дека тоа е твојата последна ноќ од животот, да ти кажев уште нешто, ќе молев да не одиш, да ми кажеш како да живеам без тебе?

Затоа што на сѐ друго ти ме научи. Знам колку изгубив затоа што те немам, затоа што се трудам да живеам на таков начин за да бидам достоjнa за тебе. МАМО сè додека јас дишам ќе бидеш во моите молитви. Мајко животот без тебе е вечна потрага по нежност. НЕДОСТИГАШ 40 дена и цел живот…“ напиша тогаш познатата пејачка.

Соња Тарчуловска со мајка ѝ Фото / Инстаграм

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....