13:47 - 10 ноември, 2026

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

Во семејството на македонскиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано деновиве имаше убав повод за славење. Неговиот син Марко го прослави вториот роденден, а гордите родители му приредија весела детска забава.

Роденденското славење започнало во домашна атмосфера, каде што малиот Марко, облечен во пижами, ги дувнал свеќичките на својата торта.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Потоа Лозано и неговата сопруга Сава организирале прослава во игротека, каде што главна тема биле моторите, кои се меѓу омилените играчки на малиот славеник.

Роденденската торта и декорациите биле украсени со мотиви од мотори, а дополнително изненадување за Марко било појавувањето на маскота на суперхеројот Спајдермен.

За оваа пригода, двегодишното момче носело црна кожена јакна, па изгледало како вистински мал моторџија.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Интересно е што љубовта кон моторите Марко ја наследил од својот татко. Но, тоа не е единственото нешто што ги поврзува.

Судејќи според видеата што неговата мајка ги споделува на социјалните мрежи, Марко уште од најрана возраст покажува интерес и за музиката.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....