15:26 - 6 април, 2026

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ избега од вревата за разводот на родителите: Еве каде го најде спокојството

Претходните денови, а и сега, медиумите во регионот не престануваат да пишуваат за разводот на Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ.

Тони ѝ го остави на Драгана замокот во Австрија и телевизијата во Србија, а нивните наследници Марко и Мануела ѝ даваат целосна поддршка на нивната мајка. Многумина го коментираат потегот на Марко да го исклучи својот татко од неговите социјални мрежи.

Марко сега на својот Инстаграм профил објави дека времето го поминува далеку од градската гужва и приказната за разводот на неговите родители.

Тој објави фотографија од зајдисонцето покрај езеро, предел опкружен со извонредна природа.

Во овие топли денови, престојот во природа и покрај водата веројатно го радува.

инстаграм

Пејачката во една прилика истакна дека децата се врзани за неа како мајка, личност, но не и за неа како позната личност:

– Моите деца не се оптоварени со моето име. Децата се приврзани првенствено за мене, тоа љубоморно го чувам. Тие се мојот најголем успех.

Таа е горда на нив, бидејќи станаа вистински личности:

Среќен сум што ги имам такви какви што се, што мислат правилно! Никогаш не сум имала никаков проблем со нив – изјави таа за хрватскиот портал „24сата“.

Наводно, колапсот на брачната идила се случил во 2021 година, а Тони се обидел да ѝ се врати на Драгана испраќајќи ѝ букет цвеќе со посебна порака за време на снимањето на нивната телевизиска програма околу новогодишните празници во 2022 година.

– Те сакам како првиот ден – пишувало во пораката која Драгана ја искоментирала пред сите:

– О, од Тони! А од кого друг… Само тој, и никој друг! Како првиот ден, вели… Добро… Полн е со изненадувања, дефинитивно, ова не го очекував.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....