-4.2 C
Скопје
04:14 - 19 февруари, 2026

(Фото) Сиа се омажи за Ден Бернард на романтична церемонија во Портофино: Магија во друштво на само шест гости

Музичарката Сиа се омажи. Австралиската кантавторка му кажа „да“ на своето момче Ден Бернард, со интимна и романтична церемонија во луксузното мало гратче Портофино, Италија.

Само шест гости присуствувале на настанот, според списанието „Пипл“. Свадба далеку од рефлекторите која ја отсликува нивната врска, за која всушност новинарите немаат многу информации.

Сиа се омажи за својот партнер Ден Бернард за време на викендот, со свеќи и дефинитивно романтична церемонија. Избраната локација ја направи атмосферата уште помагична: Вила Оливета во Портофино, во сопственост на стилистите Доменико Долче и Стефано Габана (исто каде што се венчаа Кортни Кардашијан и Тревис Баркер минатата година). Нежно светло, розови, бели, виолетови цветни украси и позлатени детали ја красеа позадината на настанот каде што се случи првиот официјален бакнеж на мажот и жената.

Невестата за оваа пригода избра розов фустан во сирена стил, додека младоженецот облече светло небесносино одело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sia Italia (@siaitalia)

Исто како свадбата, врската помеѓу Сиа и Ден Бернард се чуваше речиси во тајност и далеку од центарот на вниманието. Всушност, не е познато колку време пејачката и нејзиниот партнер се официјално заедно, ниту како се запознале. Првата (и единствена) заедничка фотографија на социјалните мрежи датира од минатата година, па веројатно нивната врска трае повеќе од една година, но нема изјави во врска со тоа.

Она што е сигурно е дека во минатото австралиската кантавторка, автор на неколку хитови, беше во брак со Ерик Андерс. Тие ја прославија венчавката во неговиот дом во Палм Спрингс, Калифорнија во 2014 година. По две години, во 2016 година, „падна“ одлуката да се разделат.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....