13:03 - 2 април, 2026

(Фото) Шпанија ја слави идната кралица: Принцезата Леонор (18) даде заклетва на свечена церемонија

Шпанската принцеза Леонор (18) денеска во парламентот во Мадрид положи заклетва и официјално стана идната кралица на Шпанија, а во отсуство на нејзиниот татко, кралот Фелипе Шести, ќе може да ги извршува должности на регент. Таа се заколна на верност на шпанскиот устав и ја презеде историската должност на нејзиниот 18-ти роденден. На важната церемонија со неа беа и нејзините родители, таткото, и мајката Летиција, како и нејзината помала сестра Инфанта (16). Идната шпанска кралица ѝ порача на јавноста дека можат да имаат доверба во неа.

Кога ќе се качи на тронот, ќерката на кралицата Летиција и на Фелипе V, принцезата Леонор, ќе стане прва кралица регент во нејзината земја по 150 години. Се очекува таа да продолжи по стапките на нејзиниот татко и да го поправи угледот на монархијата, кој беше сериозно нарушен од нејзиниот дедо, контроверзниот поранешен крал Хуан Карлос кој сега живее во егзил во Дубаи.

Принцезата Леонор блесна во елегантен бел костум. Таа на многу млада возраст презеде важна должност, а со свој став кажа дека е подготвена за таа функција. Нејзините родители ќе бидат голема поддршка за неа, како што се и досега.

На настанот, секогаш елегантната шпанска кралица Летиција дојде на настанот во фустан со А линија со гламурозни детали. Помладата принцеза беше полежерно облечена, но сепак во формално издание.

На церемонијата присуствуваше и шпанскиот премиер, Педро Санез.

 

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....