14:32 - 13 ноември, 2026

(Фото) Шеф Никола го критикуваат, иако драстично ослабе и живее здраво

Откако драстично ослабе, шеф Никола Мишковски од „Брза кујна“ добива пофалби, но и критики на сметка на својот изглед и здравиот начин на живот.

„Не иде Шеф без стомак! Што правите ало?!?!“, стои во еден од коментарите кои познатиот готвач ги доби на неговиот инстаграм-профил, а еден друг му вели: „Врати се во нормала“. На ова шеф Никола одговори: „Се сменија времињата, бато“.

Фото / Инстаграм принтскрин

Својата мотивација и секојдневното вежбање во теретана, тој во една прилика детално ги објасни на Инстаграм.

– Секој ден кога ќе влезам во теретана, тоа е битка со себеси. Не со тежините, не со другите луѓе – туку со гласот во главата што сака да се откаже.

Тука нема магија, нема тајни формули. Постојат само труд, дисциплина и истрајност. Секое повторување е чекор поблиску до целта. Секој литар пот е доказ дека не се предавам.
Болката е привремена, но резултатите и гордоста остануваат засекогаш.

Затоа не застанувај кога си уморен – застани кога ќе завршиш. Не дозволувај изговорите да бидат посилни од твоите соништа. Патот е тежок, но вреди.

Ова е мојата приказна. Ова е мојата мотивација. А ти? Дали ќе ја дадеш твојата 100 отсто денес? – напиша готвачот.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....