01:05 - 12 ноември, 2026

(Фото) Шакира „вреска“ во облека со огромни 3D букви „НЕ“: Нова порака за Пике, или за сите додворувачи

46-годишната колумбиска пејачка Шакира се појави спектакуларно на модната недела во Париз, присуствувајќи на ревијата на Виктор и Ролф во екстравагантна модна комбинација со порака.

Поп-ѕвездата носеше бел мантил на кој беше испишан еден збор со огромни 3Д букви „НЕ“. Мајката на две деца го надополни својот спектакуларен изглед со златни сандали, бисерна чанта и очила за сонце.

Многу обожаватели се посомневаа дека Шакира му испраќа многу суптилна порака на својот поранешен партнер Жерар Пике, со кој има два сина.

46-годишната пејачка и 36-годишниот шпански фудбалер раскинаа во јуни 2022 година по повеќе од десет години брак. И оттогаш нивната скандалозна разделба не ги напушти насловните страници.

Во јануари, извори тврдеа дека Шакира била „уништена“ кога дознала дека романсата на Пике со Клара Чиа Марти трае „многу подолго отколку што таа мислела“. Според извори од блискиот круг на фудбалерот, Пике сега се подготвува за венчавка со 24-годишна манекенка.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....