7.8 C
Скопје
20:01 - 31 март, 2026

(Фото) Шакира работи на песна со уште една згодна Колумбијка: Двете имаат иста страст – одмазнички песни за бившите!

Колумбиската уметница Карол Џи откри дека заедно со Шакира ќе објават песна наречена „TQG“ во нејзиниот нов албум „Manana sera bonito“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAROL G (@karolg)

Позната како „Ла Бичота“, Карол Џи присуствуваше на натпревар на НБА минатиот месец облечена во маица со порака „Te quedo grande“ (јас сум голема за тебе), која се однесуваше на хитот на Шакира „Session Vol.3“.

Во интервју за Њујорк Тајмс, Карол Џи изјави дека го остварила својот сон да пее со Шакира. А претставниците на Шакира од Сони Мјузик исто така ја потврдија соработката на двете уметници од иста земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAROL G (@karolg)

Шакира постигна голема медиумско внимание со нејзината најнова песна „Session Vol.53“ во соработка со аргентинскиот продуцент Бизарап. Песната, преку која таа цели да го „закопа“ поранешниот партнер Жерар Пике, стана најслушаниот хит на шпански јазик на Спотифај.

Карол Џи минатата година ја објави својата песна „Мами“, соработка со Калифорнијката Беки Џи, која следбениците на Колумбијката ја опишаа како директна порака до нејзиниот поранешен партнер, порториканскиот рапер Ануел А.А.

На новиот албум „Manana sera bonito“, Карол Џи, меѓу другите, работеше и со Финес (брат и соработник на Били Ајлиш), со Шон Пол, Ромео Сантос и Доминиканската Ангел Диор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAROL G (@karolg)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAROL G (@karolg)

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....