18:07 - 5 декември, 2025

(Фото) Шакира е во врска со 13 години помладиот Џими Батлер: Не ѝ пречи разликата во години

Ѕвездата на Мајами Хит, Џими Батлер и пејачката Шакира се во врска, но сè уште се се одвива бавно, според US Weekly кој тврди дека ѕвездата ја прави среќна пејачката и дека не и пречи разликата во годините.

Шакира (46) е 13 години постара од Батлер и – според американските медиуми – двајцата се во романса веќе неколку месеци, особено откако беше забележана на натпреварите на Мајами Хит за време на НБА плејофот во 2023 година.

„Тие излегоа неколку пати, но се е уште многу ново и премногу е рано да се каже дали таму има долгорочен потенцијал“, изјави извор близок до Колумбијката ексклузивно за Us Weekly. „Џими ја насмевнува Шакира, а таа се чувствува среќно што го поминува времето со него. ”

Изворот додаде дека на Шакира, која е романтично ја поврзауваа со неколку ѕвезди по нејзиниот неодамнешен развод од фудбалерот Пике, меѓу кои и со Формула 1 ѕвездата Луис Хамилтон, „не и пречи“ разликата во возраст од 13 години.

Батлер (33) неодамна беше забележан на Вимблдон како седи неколку редови подалеку од Шакира, а забавата ја продолжија на друго место.

Тие биле на вечера заедно и во Лондон, и покрај тоа што пристигнале во ресторанот на неколку минути растојание еден од друг.

Вторпат биле забележани заедно во популарниот „Новиков’ ресторан.

Слични објави

Карлеуша повторно во „Гранд“! Вдовицата на Саша Поповиќ ја наговорила на тоа, сите трогнати од зборовите на ЈК

Еспресо

Тони Зен стана татко по вторпат: Раперот даде невообичаено име на ќерката!

Еспресо

Весна Змијанац заврши на Ургентен центар: Ѝ се влошило здравјето, останува на болничко лекување

Еспресо

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо
Се вчитува....