Северина никогаш не криела колку нејзината внука Миа е важна во нејзиниот живот, а сега ѝ посвети посебна објава по повод нејзиниот роденден.
Таа ѝ испрати трогателна честитка преку Инстаграм, заедно со серија фотографии од нивните бројни заеднички патувања.
„Среќен роденден, моја најмила самовила. Летај, летај… Ти посакувам патување, дружење, сонување, љубов, гушкање, славење, здравје и сè што ти нуди животот. Тетка ти те сака“, напиша таа.
View this post on Instagram
Пејачката често споделува сцени со својата внука, со која била на бројни дестинации, а неодамна во прекрасниот Истанбул.
Инаку, Миа Поповиќ е ќерка на сестрата на Северина, Маријана, со која пејачката долго време не е во блиска врска – но ништо не може да ја уништи блискоста со нејзината внука.
