9.8 C
Скопје
00:30 - 4 април, 2026

(Фото) Селена Гомез наместо роденденски подароци од своите гости побара само едно

Светската музичка ѕвезда Селена Гомез вчера го прослави својот 31-ви роденден во друштво на Кристина Агилера, Парис Хилтон, Тајга, Дипло, Тифани Хадиш и многу други.

„Благодарна сум за многу нешта во својот живот, а една од нештата за кои сум најблагодарна е работата која успеавме да ја постигнеме со „Rare Impact Fund“ преку „Rare Beauty“. Поради вас успеавме да ја подигнеме свеста и да го зголемиме пристапот до услуги за менталното здравје за младите луѓе. Ова е мојата вистинска страст во животот“, порачала Селена која нагласила дека не сака роденденски подароци туку донации за „Rare Impact Fund“, секако доколку гостите сакаат да донираат.

Селена ја започна кариерата на само 7 години глумејќи во серијата „Barney and Friends“, а потоа се истакна со сериите „Wizards of Waverly Place“ и „Only Murders in the Building“, која е наградена со Еми.

Добитничка е на повеќе музички награди, а многу успешно го води својот бренд за козметички производи „Rare Beauty“. Според податоците на „Celebrity New Worth“, нејзиното богатство се проценува на 800 милиони долари.

 

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....