18.8 C
Скопје
14:59 - 14 март, 2026

(Фото) Се огласи убавицата со која е виден Метју Пери непосредно пред смртта: Нејзината изјава растажи многумина

Идентификувана е мистериозната жена со кафена коса со која беше виден Метју Пери само 24 часа пред неговата трагична смрт, а она што таа го раскажа за нивната средба растажи многумина затоа што рече дека актерот „бил одлично расположен за време на разговорот“.

Атина Крозби, 25-годишна манекенка и репортерка за шоубиз и забава, се огласи и откри дека таа е мистериозната бринета која била на ручек со Метју минатиот петок во хотелот Бел-Ер, откривајќи дека „имала чест лично да го познава Метју“ .

„Неговата смрт ме разори, но сметав дека е погрешно да се зборува за тоа јавно, бидејќи фокусот не треба да биде на мене, туку на него и неговото наследство, а тој беше исклучително повлечена личност и секогаш го почитував тоа во нашето пријателство. “, напиша таа на својот Инстаграм профил преку „стори“ објава.

Таа вели дека Метју бил во „исклучително добро расположение“ кога вечерале заедно, додавајќи дека „воодушевено разговарал со неа за работите што му се случуваат во животот. Беше толку среќен и жив“.

Иако некои шпекулираа дека оваа средба била романтична, Атина изјави за ТМЗ дека тоа не било романса и дека биле само пријатели, асе запознале преку заеднички пријател пред неколку месеци.

Таа, исто така, рече дека Метју бил многу позитивен за време на нивниот разговор и бил возбуден поради слабеењето и дека со нетрпение очекувал да оди на пиклебол во сабота. За жал, тој беше пронајден мртов во неговиот дом, откако со часови поминал на теренот играјќи пиклбол.

Слични објави

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо
Се вчитува....